Благодарение на нивната моќна ефикасност, ја подобруваат метаболичката активности на растението и квалитативните параметри на производство, подобрување и зголемување на апсорпција на хранливи материи, со цел да се оптимизира употребата на традиционалните ѓубрива, стимулирање на многу ензимски системи и зголемување на толеранцијата на абиотски стресови (вода, солена вода и топлински стресови).
NEWCAL е минерално течно ѓубриво врз база на Калциум. Аплицирано кај растенијата го зголемува присуството на Калциум кај растенијата. Препорачуваме да се аплицира при недостаток на Калциум, почнувајки 1 - 2 недели после формирањето плодови.
NUTRIGREEN AD е органско течно ѓубриво врз база на аминокиселини од животинско потекло од ензиматски хидролизи. Применет на растенијата дава: Има стимулативна реакција бидејќи растението заштедува енергија при процесот на синтеза и протеините; Го поттикнува вегетативниот пораст и порастот на плодовите; Го зголемува апсорбирањето на ѓубривата; Ја подобрува структурата на почвата; Го намалува негативниот ефект од засоленоста на почвите. Препорачуваме да се аплицира после стрес, во текот на вегетативниот пораст и гоење на плодовите.
ALGAGRIN TWIN е органско течно ѓубриво врз база на екстракт од алгата Ecklonia maxima. Применет кај растенијата дава: Развој на нови коренчиња; Го поттикнува развојот на страничните папки; Одлично цветање; Одлично формирање на плодовите; Ја подобрува масата и квалитетот на плодовите; Воедначено зреење. Препорачуваме да се користи при расадување, во недостаток на вегетативен пораст, при цветање, во текот на формирањето на плодовите и во текот на зреењето.
HASCON M10 AD е ѓубриво со високи перформанси кое благодарение на својата специфична формулација збогатена со специфични микроелементи веднаш се абсорбира од страна на растенијата. ГО ПОДОБРУВА ЗРЕЕЊЕТО, го зголемува шекерот во плодовите и во останатите делови од растението; ВИСОКОКВАЛИТЕТЕН ПРОИЗВОД, како за боја, вкус, антиоксидансни компоненти, така и за органолептичките својства на растението.