Праз (науч. Allium ampeloprasum,) — зеленчук од родот лук (Allium) заедно со кромидот и лукот, во состав на фамилијата кокичиња (Amaryllidaceae). Денес постојат поголем број на сорти, речиси сите произлезени од овој вид. Јадливиот дел на растението е страк од концентрични слоеви, додека пак самите лисја обично се одбегнуваат бидејќи се пожилави.
Наместо да има цврста луковица како кај кромидот, празот се завива во долг свиок од тенки слоеви. Поголеми растенија се одбиваат со делумно прикривање на младите стебла. Семето може да се из’ртува во стакленици, за потоа да се засади надвор при подобри временски услови. Откако ќе фати корен, празот е мошне издржлив — постојат многу сорти што се оставаат преку зима и се берат во потоплиот период.