ПИПЕР

Пиперката потекнува од Јужна Америка. Шпанците ја донеле во Европа во 15-от век, од каде се проширила сè до Турција, а денес најмногу се одгледува во Унгарија. Плодовите на пиперката ги разликуваме по форма, боја, но и по мирис и вкус. Пиперката се користи за подговтвување на салати и јадења, но и за разни пијалоци. Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот.