Морковот (науч. Daucus carota subsp. sativus) е вид на зеленчуково растение од родот Морков (Daucus), одомаќинет подвид на дивиот морков (Daucus carota). Содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антибиотско дејство. Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.
Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова и др. Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.
Нантес тип на морков; Благо конусни плодови; 20 до 25цм должина и дијаметар 2 - 2.5цм; Привлечна портокалова боја; Највисок процент на каротин и витамин А; Екстра принос.
Средно ран нантес тип на морков; Цилиндрични плодови; 20 до 23цм должина и дијаметар 2.2 - 2.5цм; Одлична боја; Екстра принос;
Хибрид за преку цела година; Коренот достигнува големина до 40цм и дијаметар од 7цм; Коренот издржува многу ниски температури со што го прави многу погоден за рана пролетна берба; Скоро е невозможно да пука; Коренот е бел.