Домат (науч. Solanum lycopersicum) — едногодишно растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Се употребува за исхрана на луѓе и животни. По потекло е од Централна, Јужна и од јужните краеви на Северна Америка - од Мексико до Перу.
Доматот е зеленчук што во исхраната се употребува свеж, конзервиран, како сок, прелив (кечап - доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.
Индетерминантен средно ран хибрид; Одличен за одгледување во пластеници 4 - 5 китки како и во стакленици со преку 10 китки; Идеална форма на плод кој не формира зелен прстен и не пука; Плодовите со маса од 220гр се со сјајна црвена боја; Одлична транспортабилност и неповторлив вкус; Идеален за опрашување со хормони и со бумбари; Висока отпорност на: Tomato mosaic virus, Fulvia fulva, Fusarium, Verticilium, Stemphylium, Meloidogyne incognita.
Индетерминантен розов хибрид; Екстра ран со одлична боја; Идеална форма на плод кој не формира зелен прстен и не пука; Маса на плодовите 200 - 220гр; Единствен хибрид во типот на розовите домати со одлична транспортабилност и неспоредлив вкус; Висока отпорност на: Tomato mosaic virus, Fulvia fulva, Fusarium, Verticilium, Stemphylium, Meloidogyne incognita (нематода).
Детерминантен средно ран хибрид; Идеални крупни плодови кои не формираат зелен прстен и не пукаат; Плодовите со маса 240 - 310гр се со сјајна црвена боја; Одлична транспортабилност и неспоредлив вкус; Идеален за опрашување со хормони и со бумбари; Бујно растение кое ги покрива плодовите и го прави одлично за одгледување при високи температури (за меѓусезона); Водечки хибрид на Американскиот и на Европскиот пазар; Висока отпорност на: Tomato mosaic virus, Fulvia fulva, Fusarium, Verticilium, Stemphylium, Meloidogyne incognita.
Индетерминантен розов хибрид, идеален за втора култура (од топло кон ладно); Ран хибрид со многу кратки интернодии; Одлично зрее и на пониски температури; Маса на плодовите 250гр; Одлична транспортабилност и неспоредлив вкус; Висока отпорност на: Tomato mosaic virus, Fulvia fulva, Fusarium, Verticilium, Stemphylium, Meloidogyne incognita (нематода).
Детерминантен розов домат; Средно бујно растение со средно кратки интернодии; Екстра раностасност; Мазни округли плодови со сјајна розова боја и маса 230 - 250гр; Одлична униформиранмост и транспортабилност; Може да се одгледува како на отворено така и во пластеници за рано пролетно производство; Екстра принос; Отпорен на ФФ (Cladosporium)