БРОКОЛА

Брокола е зелено растение за јадење кое потекнува од "семејство" зелка, чија голема цветна глава се користи како зеленчук. Зборот Брокола потекнува од италијанскиот збор brocolo што значи "цветниот срт на зелката". Најчесто се конзумира варена, но може и да се јаде сирова.

Броколата е класифицирана во Italica сортната група на видовите Brassica oleracea, има големи цветови, обично зелена боја и структура слична како дрво. Броколата наликува на карфиол, кој е различна сортна група од ист вид. Таа е резултат на внимателно одгледувана семена култура на Северниот Медитеран уште во 6 век п.н.е.