ДИЊА

Дињата е едногодишна билка. Припаѓа на фамилијата Cucurbitacae, каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата. Дињата по потекло е од Азија и Африка. Се култивира и користи како храна повеќе од 4000 години.

Плодот на дињата е жолтопортокалов, сочен, со благ вкус и карактеристична арома. За јадење е добра потполно зрела диња. Дињата се јаде свежа, исечена на парчиња и е одлично освежување во летните месеци. Но, од дињата се прават и овошни салати, компоти, џемови, сокови. Се користи плодот, коренот и семето.